(ВИДЕО) „Тесла“ го произведе својот прв камион на батерии

„Тесла“ вчера го произведе својот прв камион на батерии.

 

Компанијата за електрични возила „Тесла“ го презентираше скоро три години подоцна откако го најави. Претприемачот Илон Маск го претстави на настан во Невада.

„Изгледа како да дојде од иднината“, рекол Маск, а пренесува ДВ.

Маск потврди дека „семи“ може да помине околу 800 километри ако влече товар од 37.000 килограми. Неговата граница на тежината овозможува транспорт на повеќе од 14.969 килограми товар. Сè уште не е познато колку ќе чини „семи“. Но, електричните камиони чинат околу 70 отсто повеќе од дизелските.

 

faktor.mk