Познатиот претприемач Ѓерѓ Луца пред една година најави заживување на поранешната фабрика за шеќер во Малиќ , враќакќи и го стариот сјај преку инвестиции и работа. Уништените магацини за брзо ќе бидат новиот дом на “Rozafa Fish City“ во југоисточниот град на Албанија.
Работата во Малиќ се движи со брзо темпо и Луца вели дека подигнал споменик во чест на Никола Калфа кој водел фабрика на шеќерот во славните години.
„Овој човек овде е Никола Калфа , поранешниот директор на комбинатот кој учествуваше во изградбата на комбинатот, а потоа го водеше со илјадници вработени, од Корча, од околината на Малиќ, и го избравме првиот споменик на за спомен на овој великан, вели Луца.
Додека стои крај споменикот на Никола Калфа, Луца нагласува дека пожртвуваноста и работата на таквите луѓе треба да се промовира кај сите млади да се мотивираат.
Никола Калфа има македонско потекло од селото Врбник , областа на Девол , македонско егејско село во Албанија.
makedonium.net