Втора егзекуција на осуден демонстрант во Иран

Иранските власти денеска ја извршија втората егзекуција поврзана со речиси тримесечните протести, јавија локалните медиуми

– Маџидреза Рахнавард, кој беше осуден на смрт на 29 ноември за убиство со нож на двајца чувари и повредување на четворица други, беше егзекутиран јавно во Машхад, се вели во извештајот.

Првото извршување на смртна казна на осуден учесник во протестите се случи пред неколку дена кога маж осуден за повреда на припадник на паравоени сили за време ан протестите беше егзекутиран во Техеран.

– Презирот на иранските власти кон човештвото е неограничен, изјави тогаш германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок реагирајќи на егзекуцијата.

 

24info.mk