(ФОТО) Најзаљубен пар, Џенифер и Бен во романтична прошетка на Санта Моника

Џенифер Лопез и Бен Афлек беа фотографирани за време на романтична прошетка во Санта Моника.

53-годишната музичарка изгледаше среќно и заљубено во прегратката на 50-годишниот оскаровец. Лопез носеше комфорна модна комбинација која вклучуваше плетен џемпер од Валентино и широки црни панталони.

Бен и Џенифер за првпат започнаа да се состануваат во периодот од 2002 до 2004 година. Тие беа верени, но во јануари 2004 година ја откажаа нивната венчавка. Парот ја обнови врската во април 2021 година, а стапи во брак во Лас Вегас на 16 јули 2022 година.

femina.mk