Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Крива Паланкa, кој не се задржува на коловозот.
Поради сообраќајна незгода, магистралниот пат Струмица -Радовиш пат е во прекин и се пренасочува по регионален пат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
АМСМ