Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денешното потпишување на барањето на Косово за членство во Европската унија го нарече историски чекор. „Денес е историски ден и историски момент бидејќи 14 декември е значаен датум во современата историја на Република Косово затоа што го означува формирањето на нашата армија и поднесувањето барања за членство во ЕУ. Никогаш немало друга алтернатива за Косово и неговите граѓани. Овој чин е посветен на сите граѓани на нашата земја, но пред се овој момент е посветен на секое дете, жена и маж на Косово“, рече таа.
Радио Слободна Европа