Кина денеска лансира нов сателит за далечинско набљудување во вселената, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сателитот „Јаоган-36“ беше лансиран од Центарот за лансирање на сателити „Сичан“ во југозападната покраина Сечуан со ракетата „Лонг марч-2Д“ од домашно производство.
Според „Синхуа њуз“ (Xinhua News), сателитот е лансиран во вселената околу 2:25 часот по полноќ, по локално време.
Сателитот успешно влезе во својата планирана орбита.
Тоа е 455-тата мисија на летови од серијата ракети носачи „Лонг марч“.
извор:Агенција Анадолија (АА).