Поранешната водителка и модел, а денес специјалист – трансфузиолог, д-р Радица Грубовиќ, преку социјалните мрежи заедно со своите две сестри сподели дека нивниот татко, прим. д-р Милош Грубовиќ, починал.
Д-р Милош Грубовиќ активно работел на постојано зголемувањето на бројот на крводарители и онаму каде немало успех на полето на крводарителството, тој успевал да постигне завидни резултати за што во 1981 година добива Орден на трудот со сребрен венец.
Поранешната бинго – девојка Натали Грубовиќ и нејзините сестри Радица и Марија се простија од својот татко:
„Со големо жалење ги известуваме сите наши драги роднини и пријатели дека сабајлево го изгубивме нашиот најсакан татко прим. д-р Милош Грубовиќ. Погребот ќе се одржи на 17.12.2022 во 14 часот на гробиштата во Бардовци, а капелата ќе биде отворена од 13 часот. Најмил и најдраг татице ти благодариме за се, ти беше најдобриот татко, сопруг и дедо. Вечно ќе те сакаме и ќе живее твојот спомен во сите нас. Почивај во мир и нека ти е вечна слава“ – стои во последниот поздрав.
slobodenpecat.mk