ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека струјата ќе биде поскапа за 130 проценти, а во услови на глобална економска и енергетска криза поскапувањето е минимално и избесува 7,98 отсто, додека 600.000 граѓаните добиваат пониски сметки благодарение на субвенцијата од Владата истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Битиќи додаде дека ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека струјата ќе поскапи за 130 отсто за да има нула субвенции, додека владата предводена од СДСМ дава субвенција за електрична енергија од 76 проценти.
На секое семејство, и на вас и на вашето семејство даваме 21.000 субвенции без разлика на вашите приходи, му порача Битиќи на својот соговорник Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е домаќинско работење, во време на криза нашите граѓани добиваат субвенција за електрична енергија, нагласи Битиќи.
Во врска со РЕК Битола, потпретседателот Фатмир Битиќи рече дека трансформаторот е веќе на пат кон РЕК Битола.
Третиот блок што од ВМРО-ДПМНЕ никогаш не сонувале дека може да го стават во функција ние ќе го ставиме во функција, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
извор: СДСМ