Касами: Ако до пролет не се одржат предвремени парламентрани избори, БЕСА ќе ги радикализира чекорите за притисок врз власта преку протести

Ако до пролет не се одржат предвремени парламентрани избори, БЕСА ќе ги радикализира чекорите за притисок врз власта преку протести, најави лидерот на партијата Биљал Касами. За да се постигне оваа цел, кажа дека се подготвени за соработка со сите партии од албанскиот опозициски блок, не ја исклучува можноста за соработка со Алијанса за Албанците, а ниту со ВМРО-ДПМНЕ, објави Канал 5.

„Ќе се разгледа можноста од пролет ако власта нема слух за проблемите и да излезе да се соочи со граѓаните на предвремени избори ќе се разгледаат заедно со другиот дел од опозицијата, албанска, во делот на ораганизирање на протести и секаков вид на притисок врз власта за да се слушне гласот на граѓаните и што побрзо да се оди на превремени избори, изјави Касами.

Уставните измени за внесување на Бугарите за лидерот на БЕСА се во директна корелација со одржувањето на предвремените избори. За соработка за уставните измени бара од власта за возврат да седнат на заедничка маса и да договорат датум за избори. Касами ова не го гледа како услов туку како израз на добра волја од власта ако сака промени да се постигне конзенсус за предвремени избори.

 

Текстот во целост на: Канал 5.