AA: Најважните настани во 2022 година во Македонија

Напорите за евроинтеграциските процеси во европските организации, политичките прашања и спорови, бројните посети и повици на меѓународните лидери беа меѓу најважните теми минатата година, кои продолжија и во 2022 година во Северна Македонија, Косово и Албанија. Ова се некои од најважните настани во трите земји од регионот кои ја одбележаа 2022 година и кои на хронолошки начин ви ги пренесува Агенција Анадолија (АА).

На 17 јануари Собранието на Северна Македонија ја одобри новата Влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кој дојде на чело на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), откако поранешниот премиер Зоран Заев поднесе оставка по слабиот успех на неговата партија на локалните избори, одржани во октомври минатата година.

– На 3 март Собранието на Северна Македонија одобри декларација со која се осудуваат „воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, во која се повикани надлежните институции да бидат во тесна координација со земјите членки на НАТО и на Европската Унија (ЕУ).

– На 25 март фудбалската репрезентација на Северна Македонија на Стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо го совлада европскиот шампион Италија со резултат 0:1 во полуфиналето на плејоф турнирот од европските квалификации за Светското првенство во Катар 2022 година.

– На 30 март Државниот завод за статистика на Северна Македонија ги објави резултатите од пописот на населението во земјата, при што соопшти дека се регистрирани вкупно 2.097.319 државјани на земјата, од кои 1.836.713 се жители, а 260.606 се нерезиденти. Последниот попис на населението во земјата беше одржан во 2002 година.

– На 21 мај, во пресрет на Светското првенство во фудбал 2022 година, златниот трофеј што му се доделува на победникот на Шампионатот, за првпат во историјата на македонскиот фудбал пристигна во Скопје заедно со легендата на бразилскиот фудбал, Жилберто Силва.

– На 7 и 8 јуни во Охрид се одржа Самитот на иницијативата „Отворен Балкан“, на кој на лидерите на Албанија, Србија и Северна Македонија за првпат им се придружија лидерите од Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои ја поддржаа иницијативата, изразувајќи желба да се приклучат во иднина.

– На 16 и 17 јуни во Охрид се одржа Преспа форум дијалогот, платформа формирана од страна на Владата на Северна Македонија која има за цел да ги инспирира и промовира добрососедските односи и соработка. Покрај учеството на лидерите на земјите од регионот и пошироко, на Форумот преку видеоврска се обрати и украинскиот претседател Владимир Зеленски.

– На 2 јули во Скопје започнаа опозициските протести против „францускиот предлог“ за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија, кои продолжија и во наредните денови на кои се регистрираа и инциденти, откако Владата на земјата претходно го прифати модифицираниот предлог од страна на француското претседателство, по што беше најавен почеток на консултативен процес во земјата, кој требаше да доведе до укинување на двегодишното вето на Бугарија за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

– На 16 јули Собранието на Северна Македонија ги одобри заклучоците со кои Владата се обврзува да го продолжи процесот со ЕУ, како и да ја одобри рамката за преговори за членство во Европскиот блок, односно „францускиот предлог“, предложен од претседателството на Франција со Советот на ЕУ.

– На 19 јули во Брисел се одржа првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија и Албанија, која го означи отворањето на преговорите за членство на двете земји во ЕУ.

– На 19 октомври преку електронски адреси започнаа заканите за поставени бомби во училишта, државни институции, јавни претпријатија и трговски центри, кои продолжија и во декември, а полицијата во земјата подоцна ги провери сите закани и утврди дека се лажни.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).