Силен земјотрес од 4,3 степени ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот регион Месинија, југозападниот дел на Пелопонез, се наведува во соопштението на Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи утринава во 07:28 часот, бил во морето на 46 километри јужно од Метони, на длабочина од 18 километри, пренесува Катимерини.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), во моментов нема извештаи за материјална штета или евентуални жртви.

https://twitter.com/LastQuake/status/1609784728533573632?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1609784728533573632%7Ctwgr%5Eb8d0aad83afab1a3c7e65d0589774379884215a4%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fbalkan%2Fsilen-zemjotres-ja-pogodi-grtsija%2F