Вчера во салата „Борис Трајковски“ имаше вистински ракометен спектакл. Поранешни ракометни ѕвезди, против актуелниот состав на македонската репрезентација. Победија овие нови млади дечки со 25:21, но резултатот беше во втор план.
Поранешниот НБА кошаркар Перо Антиќ кој го следеше овој спектакл беше нападнат од македонски навивачи! Го критикуваа што се појави во дуксер на Црвена звезда на ракометен натпревар во Скопје, во салата „Борис Трајковски“?!
Нападите врз Антиќ започнаа поради тоа што тој се појави во црвен дуксер на кој пишуваше Црвена звезда!
Кон коментарите против Антиќ се придружија и од Сити Парк Бојс, навивачи на Работнички, клубот во кој Перо Антиќ ја започна својата професионална кариера.
– Јаде македонски леб, навива за Звезда… Наша тажна Македонија – стои во нивната објава.
фото: PRTSC