Цените на храната во Велика Британија рекордно се зголемија во декември

Цените на храната во Велика Британија се зголемија со рекордно темпо во декември, достигнувајќи стапка на инфлација од 13,3 отсто, раст од 12,4 отсто колку што беше во ноември, покажуваат најновите податоци на Британскиот малопродажен конзорциум, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ова е над тримесечната просечна стапка од 12,5 отсто, што досега е највисоката регистрирана стапка на инфлација во категоријата за храна.

„Ова беше Божиќ кој беше предизвик за многу домаќинства во Велика Британија. Не само што студениот бран ги принуди домаќинствата да потрошат повеќе на сметките за енергија, туку и цените на многу основни прехранбени производи, исто така се зголемија како репрекусија од војната во Украина што продолжи да ги одржува високи трошоците за добиточна храна, вештачко ѓубриво и енергија“, соопшти Хелен Дикинсон, извршна директорка на Конзорциумот.

Таа истакна дека 2023 година ќе биде уште една тешка година за потрошувачите и бизнисите бидејќи инфлацијата не покажува знаци на опаѓање.

Мајк Воткинс, шеф за малопродажба и бизнис во „NielsenIQ“, истакна дека побарувачката на потрошувачите најверојатно ќе биде слаба во првиот квартал од годината поради растот на цената на енергијата, а за многумина сметките поврзани со божиќните трошоци само што не пристигнале.

„Значи, зголемувањето на инфлацијата во категоријата храна ќе направи дополнителен притисок врз буџетите на домаќинствата и малку е веројатно дека ќе има одредено подобрување во односот на потрошувачите кон своите финансии во блиска иднина“, рече тој.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).