(ВИДЕО) Мицкоски: Ѓорче Петров ќе добие прв регионален центар за рехабилитација на деца кои се избориле со карцином

Промените кои се случуваат во Општина Ѓорче Петров ги правиме заедно, јас и вие граѓаните на општината. Оваа година за прв пат направивме отворени денови на општината Ѓорче Петров, денови во кои вие можевте да дадете идеи кои се во насока на подобрување на условите во местата во кои живеете. Дополнително за прв пат спроведовме и јавна анкета каде сите имаа можност преку дигитална форма да се обратат и да ги кажат кои се потребите во местата каде што живеат, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојкоски во своето обраќање истакна дека за предлогот на граѓаните за реконструкција на улицата Христо Батанџиев се обезбедени средства да се заврши овој децениски проблем, но и дека ќе се реконструираат над 20 други улици.

Покрај овој проект во оваа година предвидовме реализација и на многу други капитални проекти. Општина Ѓорче Петров ќе добие реконструирани нови над 20 улици за што издвоивме над 20 милиони денари. Согласно барањата кои ги доставивте до нас при припремата на буџетот се насочуваме кон реконструирање и модернизирање на детските игралишта. Ги реконструираме и модернизираме детските игралишта во Хром, на улица Шитска, а ќе изградиме и ново детско игралиште во ОУ Мирче Ацев – рече тој.

Стојкоски додаде дека ќе се изработи проектна документација за две нови детски градинки, а ќе отпочне и со реализација на нова пречистителна станица во селото Орман.

Ќе работиме со силна посветеност, да ги решиме долгогодишните проблеми на граѓаните. Продолжуваме неуморно да работиме и да решаваме децениски проблеми. Заедно и одговорно за промени кои се случуваат – истакна Стојкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека Стојкоски затекна општина со многу долгови и нерешени проблеми, но можеме да бидеме задоволни затоа што општина Ѓорче Петров во првата година инвестираше 50 милиони денари за развој.

-Свесен сум дека мора уште повеќе и уште подобро. Затоа оваа година ќе се инвестираат нови 140 милиони денари за капитални инвестиции. Општина Ѓорче Петров ќе добие нов и прв регионален центар за рехабилитација на деца кои се избориле со карцином, навистина важен проект. И ќе се реализираат многу други проекти. Работата е тоа што го одликува ВМРО-ДПМНЕ. Чесно и одговорно да покажеме дека има надеж и дека во општините победуваме така што решаваме проблеми. За заедничка иднина, за развиени општини Промените на дело – изјави Мицкоски.

Извор: ФБ Христијан Мицкоски