DW: Секој ден во Германија разнесен по еден банкомат

Статистички гледано, во Германија секој ден е кренат во воздух најмалку еден автомат, за 2022 година се очекува нова рекордна бројка. Што се крие зад тоа и како реагираат банките?

Неколку примери од изминатите денови: во областа Кузел во Рајнланд Фалц криминалци кренале во воздух еден банкомат, исто така и во Баварија. На викендот тоа се случило во Хајдекрајс во Долна Саксонија двапати во рок од 24 часа. На крајот на минатата недела експлодираа банкомати на пример во Ротенбург, Дортмунд и Вецлар. Разбивањето банкомати зачести во последниве месеци, за 2022 година уште нема точна бројка. Но, уште сега е извесно дека лани беа кренати во воздух толку многу банкомати како никогаш досега, соопшти Сојузната служба за борба против криминал, БКА: „Делумно, низ целата земја имаше до пет разнесувања на автомати во една ноќ., објави DW.

Досега рекордна беше 2020 година, со вкупно 414 разнесени банкомати, во 2021 година бројката забележа лесно намалување, за сега да достигне нов рекорд. Зошто е тоа така?

Лепила и бои

„Регистрираме преместување во Германија“, објаснува Бастијан Кипинг, виш криминален комесар во Покраинската криминалистичка служба во Рајнланд Фалц. Многу осомничени доаѓаа од Холандија и од Франција. Двете земји ланската година ги опремија нивните банкомати со „техника за лепила и системи за обојување“. Тоа значи: ограбените пари се прават неупотребливи со употреба или на лепило или на боја.

Овие мерки во Германија уште не се раширени во поголем обем. „Тоа безмислосно го користат криминалците“, вели Кипинг.

Затоа тежиштето на криминалците од соседните земји, со оглед на близината на границата, се наоѓа во западна Германија. Само во Северна Рајна Вестфалија, според тамошната полиција, лани имало преку 180 напади на банкомати со експлозив, околу 30 повеќе од претходната година. Во Рајнланд Фалц бројот на кревања на банкомати во воздух е дури и двојно зголемен: во 2022 година имало 56 наспроти 23 во преходната година.

Текстот во целост на: DW.

фото: DW.