Шакира го сруши рекордот со песната за Пике

ШАКИРА во четвртокот објави песна за поранешниот сопруг Жерар Пике која го собори рекордот за само два дена. Песната во која зборува за измамата на Пике за два дена собра над 86 милиони прегледи на Јутјуб и собори важен рекорд.

Новата песна на Шакира е преслушана 63 милиони пати за само еден ден, со што го собори рекордот како најслушана латиноамериканска песна на Јутјуб во тој период.

Со оваа песна Шакира се најде на листата на најиграни латиноамерикански артисти кои исто така соборија рекорди на Јутјуб, како Џеј Балвин, Луис Фонси и Деди Јенки.

„Ме оставивте како сосед на мојата свекрва, со новинари на врата и долг во трезорот. Мислевте дека ќе ме повредите, но ме направивте посилен. Жените не плачат, жените плаќаат“, се текстот на новата песна на Шакира упатена до Пике.

 

Со песната Шакира му испрати јасна порака на бившиот сопруг кој наводно ја изневерувал со сегашната девојка Клара Чија: „Дете, ти посакувам се најдобро со мојата замена, не знам што ти се случило. но вие заменивте Ферари за Твинго, заменивте Ролекс за Касио…“

 

Да потсетиме дека Пике реагираше на новата песна на Шакира на Твитер, а на мајка му и се допадна песна во која пејачката го мачка својот син.

 

 

index.hr