Пред 31 година, на 15 јануари 1992, во 20 часот, Бугарија прва ја призна Македонија како независна држава. Ова се случи откако на 8 септември 1991 година граѓаните на тогашната југословенска Република Македонија беа повикани да одлучуваат за прашањето „Дали поддржувате независна и суверена Македонија со право да се приклучи на иден сојуз на југословенски држави“. На референдумот гласаа вкупно 71,85 отсто од запишаните избирачи, од кои мнозинството – над 90 отсто се изјаснија за создавање независна држава. На 18 септември 1991 година, Собранието на Република Македонија донесе официјална декларација со која ги признава резултатите од референдумот и ја прогласува независноста на државата.
Бугарија беше првата земја во светот што ја призна македонската независност. Тоа беше направено со декларација на Националното собрание на 15 јануари 1992 година.
Петар Колев сегашен директор на агенцијата БГНЕС на ФБ напиша : „Тоа беше прашање на должност и на меморијата на нашиот род. Филип Димитров често ги цитира зборовите на тогашниот амбасадор на Обединетото Кралство во Бугарија: „Ако ја признаете Македонија – нема да ве поддржиме, ако не ја признаете – нема да ве разбереме”.