Пет лица од Кавадарци лишени од слобода, поради користење сексуални услуги од малолетничка

Пет лица пред два дена се лишени од слобода по претрес на дом и други простории во Кавадарци, откако четворица од нив користеле сексуални услуги од малолетно лице, а петтиот ја принудувал на тоа.

Судот одобрил петте лица да бидат лишени од слобода и против нив од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на е поднесена кривична пријава против петте лица за сторено кривично дело „трговија со дете“.

„Имено, В.Д.(39), К.Р.(24), В.Б.(26) и А.Д.(23) од Кавадарци и Н.И (21) од Неготино, во временскиот период од август до 19 септември 2022 година го сториле кривичното дело така што користеле сексуални услуги од малолетничка на различни локации, за паричен надоместок од 1000 до 2000 денари. М.К.(20) со употреба на физичка сила и закани, како и психолошко насилство, ја принудувало малолетничката на вршење полови дејствија и давање сексуални услуги на петте пријавени лица. За М.К од страна на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во моментот се спроведува истрага за сторено кривично дело „Трговија со дете“, информира ова обвинителство.

 

faktor.mk