Џон Мигунес беше среќен човек кога освои рекордна добивка на лотарија во Шкотска во 1996 година, но по неколку лоши инвестиции изгуби се и прогласи банкрот.
Џон добил 10 милиони фунти на лотарија или нешто повеќе од 11 милиони евра и се чувствувал како да е на врвот на светот. Купил Ферари од 140.000 фунти и куќа на Мајорка вредна половина милион фунти и вила вредна 1,3 милиони фунти, од која се преселил во нова бидејќи старата не одговарала на маса за билијард.
Џон не заборави на семејството и пријателите. На членовите на семејството им подели вкупно три милиони фунти, вклучувајќи ги и 750.000 фунти кои и ги дал на поранешната сопруга.
По повеќе од 10 години, тој откри за Дејли рекорд дека мака мачи да се носи со сметките, главно поради лошата инвестиција во неговиот сакан фудбалски клуб Ливингстон, чии долгови ги гарантирал со свои пари, вложувајќи четири милиони фунти.
Џон се обиде да го купи клубот со поранешниот директор на Селтик, Доминик Кин, кого го обвинува за банкротот, но Кин на суд беше прогласен за невин за обид за измама.
“Најтешко од сè е што не беше моја вина. Можеби бев идиот, но не бев целосно виновен. Дадов пари на момче на кое му верував и сето тоа исчезна”, изјави тој во интервјуто. .
Инаку, Џон пред да добие на лотарија работел како портир во болница, живеел со родителите и заработувал 150 фунти неделно.
index.hr