Осумнаесет лица загинаа, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, откако хеликоптер се урна покрај градинка во источното предградие на главниот град Киев.
Меѓу загинатите има три деца, а уште 15 се згрижени во болница, пренесе Би Би Си.
Министерот Денис Монастирски бил со уште осум други во хеликоптерот.
Неговиот прв заменик министер и државниот секретар, исто така, загинаа, соопштија официјални лица, кога хеликоптерот се урнал во предградието Бровари.
42-годишниот министер за внатрешни работи беше истакнат член на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски и одигра клучна улога во информирањето на јавноста за жртвите предизвикани од руските ракетни напади по инвазијата на Украина во февруари 2022 година.
Шефот на националната полиција Ихор Клименко на Фејсбук напиша дека хеликоптерот и припаѓа на украинската служба за вонредни состојби.
vesnik.com