Седумнаесет годишната Михаела Стојменовиќ од Скопје освои прво место на натпреварот организиран по повод World Food Day од страна на ФАО, организација за храна и земјоделие.
ФАО, која што е дел од Обединетите Нации ѝ ја додели оваа награда на Михаела во категоријата од 16 до 19 години за нејзиниот постер кој што ја отсликува важноста на земјоделските работници во целиот систем на производство на храна.
Со овој постер сакав да покажам како се прави храната и колку време е потребно за таа да се произведе. Целта ми беше да ги прикажам главните прехранбени ресурси на нашата земја.
Нејзиниот постер е комбинација на 12 различни сцени и секоја раскажува своја приказна поврзана со храна. Сцените се испреплетуваат формирајќи саќе како симбол на прехранбениот систем каде што пчелите играат фундаментална улога.
fashionel.mk