Почината жена пронајдена во куќа во Струмица

Жена на возраст од 83 години вчера  попладне е пронајдена мртва во куќа во Струмица.

Под силно полициско обезбедување се врши увид на местото на настанот. Во моментов трае увидот, а десетици полицајци ги спречуваат љубопитните граѓани да се приближуваат, објави ТВ канал ВИС.

СВР Струмица потврди дека е пријавена почината жена, но, не кажува ништо за причината за смртта.

Дали станува збор за природна или насилна смрт ќе се знае откако ќе заврши увидот на полициските екипи и јавниот обвинител.

 

4news.mk