ВРЕМЕПЛОВ -Настани на денешен ден, 23 јануари

1556 Најкатастрофалниот земјотрес во историјата се случил во густонаселената покраина Шенси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број на жртви се должи на тоа што живееле во вештачки пештери („јаодунг“) ископани во растресита глина.

1793 Русија и Прусија си ја поделиле Полска.

1960 Батискафот на САД „Трст“ постигнал рекордна длабочина од 10.911 м во водите на Тихиот Океан.

1968 Морнарицата на ДНР Кореја го заробила американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободила екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг.

1973 Претседателот на САД Ричард Никсон објавил дека е постигнат мировен договор за Виетнам.

1991 Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје, а за претседател бил избран Милан Талевски од ВМРО-ДПМНЕ.

2015 Салман бин Абдулазиз станува Крал на Саудиска Арабија по смртта на брат му Абдула.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија