Владата ја усвои информацијата од МВР за изработување План за воспоставување Национален електронски идентитет за секој граѓанин

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за внатрешни работи, за потребата од изработување План за воспоставување Национален електронски идентитет за секој граѓанин и го разгледа и прифати Планот, заедно со План за реализација.

Целта е доделување електронски идентитет на граѓаните на Република Северна Македонија, што, според посочувањето од Министерството за внатрешни работи, треба да е носечки столб за дигиталната трансформација на општеството, со тоа што ќе овозможува унифициран пристап за користење на електронските услуги и размената на податоци, како во државата така и надвор од неа (земјите од Западен Балкан и Европската Унија).

 

извор: Влада