Пожар избувна во камп за мигранти во централна Франција

0
193

Пожар избувна во камп за мигранти во гратчето Френ во централна Франција, во близина на Париз, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Пожарот избувна околу полноќ“, објави телевизијата БФМТВ (BFMTV), додавајќи дека на местото на настанот се пристигнати пожарникари.

Од кампот се евакуирани вкупно 150 лица.

Како што јави БФМТВ, започната е истрага за да се утврдат причините за пожарот.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).