Маж со мачета нападна свештеници во две цркви во јужна Шпанија, убивајќи еден свештеник и ранувајќи уште четири лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Сторителот, за кого се смета дека е мигрант без документи од Мароко, нападнал две цркви – „Сан Исидро“ и „Нуестра Сенора де ла Палма“ – лоцирани на околу 300 метри една од друга веднаш по 20:00 часот во центарот на Алгесирас“, објави весникот „Ел Паис“ (El Pais), повикувајќи се на полициски извори.
Полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен.
„Нападот се истражува како можен терористички инцидент, според јавниот обвинител“, додава весникот.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).