АМСМ: Утрово слаби врнежи од снег има на патните правци Тетово – Попова Шапка, Маврово, Стража и Крушево.

0
199

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаби врнежи од снег, кои во моментов не преtставуваат проблем за одвивање на сообраќајот, бележиме на следниве патни правци: Тетово – Попова Шапка, Маврово, Стража и Крушево.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.