(Видео)Стојаноски од автопатот Петровец-Катланово, кој 27 месеци стои ископан: Власта кажува дека овој автопат е завршен, а тој стои ископан и на него нема работници

Пред 10 дена од терен докажавме дека Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски лаже дека е пробиена трасата на автопатот Кичево- Охрид, а денеска директно од терен докажуваме дека Премиерот Димитар Ковачевски лаже за изградени и реконструирани 1.300 км патишта од регионалниот пат Катланово – Петровец.На седницата за пратенички прашања Ковачевски кажа дека овој патен правец е завршен, па ете од самиот патен правец докажуваме дека ова е уште една лага од имагинарниот свет на СДСМ, Ковачевски и Бочарски во кој имаат завршено 1.300 км патишта, додека во реалниот свет граѓаните на Република Македонија возат по дупки и распаднати патишта.Потребни се итни предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе ги испратат овие измамници во историјата и ќе дојде нова влада која ќе ја направи Македонија едно огромно градилиште, напиша на својот ФБ профил Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ.

извор: ФБ Бојан Стојаноски