Мета: Бучавата не се сфаќа сериозно, во зоните за домување има од автоперални и кафулиња до складишта за градежен материјал

Кафулиња, дискотеки, обложувалници во станбени објекти, врвулици од луѓе и гласна музика, молови изградени во сред град, индустриски капацитети, магацини или складишта за градежни материјали во зони за домување, огромен број стари и бучни автомобили, камиони, автобуси по улиците….

Причинителите на бучавата се многубројни, а тоа е значајно нарушување на животната средина, кое не се третира сериозно во земјава. Изворите ги сретнуваме на секој чекор во нашата околина, но ретко некој граѓанин знае каде да се обрати и како да се избори за потивка средина. С. Македонија нема Катастар на бучава, нема стратешки карти, а податоците од мониторингот не се секогаш достапни на најшироката јавност, иако сите директиви на Европската унија се транспонирани во домашното законодавство, а изработени се и правилници како подзаконски акти, објави meta.mk.

Според Извештајот во сенка на Поглавјето 27, бучавата може да е еден од сериозните нарушувачи на животната средина, доколку не се имплементираат веќе преземените обврски од европското законодавство. Од Центарот за климатски промени информираат дека Законот за бучава во животната средина ги регулира основните принципи за управување со бучавата во животната средина и е направен според теркот на европските закони. Дефинирани се изворите, граничните вресности, начинот на мониторинг и мерките за заштита

Според Сандра Стојковска, проектен координатор во Центар за климатски промени, анализата направена во рамките на Извештајт во сенка за Поглавјето 27, покажува главната ЕУ директива за бучава е целосно транспонирана во националниот закон, но во однос на спроведувањето има одредени недостатоци.

„Кога станува збор за мониторинг и мерење на бучава, се преземаат податоците од мерањата спроведени од страна на центрите за јавно здравје во четири градови во Македонија и тоа, Скопје, Куманово, Кичево и Битола. Според одредени анализи може да се согледа дека во поголемиот дел има надминување на граничните вредности за бучава кои се пропишани во законот“, вели Стојковска.

Посочува дека регулирањето на бучавата е проблем и од аспект на урбанистичкото планирање бидејќи еколошките дозволи, односно елаборати за животна средина, се издаваат вон законски прописи. Слично е и за планирањето за изградба на објекти од кои има ризик за надминување на граничните вредности на бучава на несоодветни локации.

Текстот во целост на: meta.mk.