АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено и покрај слаби врнежи од снег на повеќе патни правци

0
174

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег кој не се заржува на коловозот бележиме на следните патни правци: Крива Паланка, Страцин, Куманово, Павлешенци, Преод, Струга, Охрид, Ресен, Крушево и на планиските премини Буково, Ѓавато и Железнец.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.