Во СРБИЈА денеска е срушен Гинисов рекорд – на едно место се собрале 256 луѓе со името Милица Јовановиќ.
На соборувањето на рекордот присуствуваше и претставникот на Гинисовата книга на рекорди, Глен Полард, кој на организаторите на настанот им го врачи официјалниот сертификат со кој се потврдува новиот Гинисов рекорд.
Полард им честиташе на сите Милици и на организаторите, а по врачувањето на сертификатот им беа поделени подароци.
Минатата година во Токио беше срушен светски рекорд кога во едно кино се собраа 178 луѓе, сите со името Хироказу Танака. Тогаш беше соборен рекордот од 2005 година, кој го држеше 164 Марта Стјуарт.
slobodenpecat.mk