Турските актери се огласија барајќи помош: „За сите што ја читаат оваа порака…“

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано утринава јужна Турција и беше почувствуван во поголем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Во тек е голема спасувачка операција. Последните податоци покажуваат дека во земјотресот се урнале 2.818 згради, а бројот на загинати се искачи на над 1.290.

 

Турските актери бараат помош

За разорниот земјотрес проговорија бројни турски ѕвезди. Актерката Седа Бакан, позната по улогата во турскиот филм Бехзат Ч, на Инстаграм напиша: „Се разбудивме со многу лоши вести. На сите им посакувам брзо закрепнување“.

 

Турската актерка Мелиса Памук преку Твитер побара помош за баба и тетка. „Баба ми не може да оди, болна е… Баба и тетка се заробени во зградата. Не знаеме во каква состојба е станот, има ли некој наоколу да помогне? 75. Булевар Јил бр.10 Џем ап 4 кат, Антакија“, напиша таа на Твитер.

 

index.hr