Алтернатива излегува од Влада, а на нејзино место влегува Алијанса за Албанците, неофицијално дознава Република .
Дел од медиумите на албански јазик веќе ја објавуваат оваа информација.
Арјанит Хоџа за „Република“ вели дека се уште немаат ништо официјално.
Актуелниот министер за здравство Беким Сали вели дека се уште не добиле „конкретен предлог на маса“ за позициите на Алтернатива во идната Влада.
Тесното раководство на Алтернатива вечерва треба да го каже конечниот став дали останува во извршната власт, откако претходно премиерот Димитар Ковачевски го информирал претседателот на Алтернатива Африм Гаши за новата понуда на ресори и за преговорите со Алијанса за Албанците за влез во Владата. Алијанса со две министерски и едно вицепремиерско место е новиот владин партнер, а ДУИ преку ресорите кои ги отстапи разреши дел од „огнените“.
Во зависност од одлуката на Алтернатива, преговарачките тимови на СДСМ и на Алијанса вечерва треба конечно да ги утврдат ресорите и утре највисоките партиски тела да го потврдат договорот за новиот владин партнер.