Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на МВР на Бугарија наведено е дека Демерџиев се обврзал да го обезбедува Пендиков за да му ја гарантира безбедноста.
За време на средбата, Демерџиев нагласил дека ќе продолжи будно да го следи случајот со нападот на Пендиков кој се случи на 19 јануари пред кафе-бар во Охрид.
Првиот човек на бугарското МВР додал дека за време на средбата со неговиот македонски колега Оливер Спасовски, која се одржа на 30 јануари, му пренел оти Пендиков за време на престојот во Софија добивал закани преку социјалните мрежи.
ohridpress.mk