(ВИДЕО) Во Турција по земјотресот се создаде огромна провалија долга 300 метри

 

Бројот на загинатите во земјотресот во Турција и Сирија надмина 33 илјади. Според последните податоци, во Турција загинале 29.600 лица. Во Сирија се потврдени 3.500 жртви.

 

На социјалните мрежи се шири видео од бездната создадена по земјотресот во турскиот град Хатај, еден од најпогодените од земјотресот. Се наведува дека пукнатината во земјата е широка 50 метри, длабока 40 метри и долга 300 метри.

– Вакво нешто во животот не сме виделе – велат жителите.

Во зоната на катастрофата оперираат 70 авиони, 167 хеликоптери, 24 бродови, 45 дронови и 9 беспилотни летала.

 

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција во понеделникот вечерта, по што следеа серија последователни потреси, од кои еден со јачина од 7,6. Овој земјотрес предизвика сериозни разурнувања и жртви и во соседна Сирија.

 

24sata.hr