За прв пат Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со туристичката организација на Солун и италијанско- грчката комора како дел од проектот “Interreg IPA CBC ABOVE” кофинансиран од Европската Унија се претставија на саемот “BIT – MILANO”, во Италија како една дестинација за туристите од овој дел на Европа.
Македонија и 12 локации во Република Грција од птичја перспектива со помош на технологијата на дронови. Проектот „ОД ГОРЕ” има за цел да ги прикаже најдобрите природни и географски знаменитости на начин досега несоодветен и спектакуларен. Ова спектакуларно воздушно патување низ областите од Вардар до Галичица, како и езера, реки и водопади ќе ја прикажува граничната природа и географските знаменитости на начин кој досега не е претставен. Создавање и објавување на извонредни тајмлапс видеа кои ќе се снимаат во текот на четири различни сезони, што ќе овозможат визуелно да се прикаже промената на годишните времиња во секунди.
Од 12ти до 14ти февруари природните убавини, националните паркови, активните форми на туристичка понуда се претставуваат преку видео материјали, виртуелно реални видеа во 360 степени кои го привлекуваат вниманието на голем број на посетители. На заедничкиот изложбен простор се одржуваат Б2Б средби со туроператори кои имаат предлози за нови кружни патувања и посета на двете земји од италијански туристи.
Силна порака за туризмот и туристичката дипломатија со заедничко претствување на македонските и грчките туристички потенцијали како една туристичка дестинација, комплементарна со атракции овозможувајки голема конкурентност и можност за поголем број туристи и ноќевања во следните неколку години. Ова ја потврдува мојата заложба за поголема соработка и искористување на можностите кои се отвораат со аплицирање на туристички проекти поддржани од европските фондови за градење на нова инфраструктура во туристичката индустрија во повеќе полиња”- изјави директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски.
извор: АППТ