Среде бел ден во најпрометниот дел од Струга, по самата струшка чаршија влегуваат и излегуваат големи камиони со бетон. Буквално чаршијата е претворена во градилиште среде бел ден.
Пешаците нема каде да се движат од поставеноста на големите камиони а парадоксот да биде поголем, нема поставено никаква заштитна ограда со цел да се спречи и избегне некаква несакана катастрофа.
Дополнително гужва се прави и при самиот приод кон чаршијата од главната улица каде постојано поминуваат пешаците а се создаваат и колони возила, кои чекаат.