Протео, кучето кое пронајде две лица под урнатините на Турција, почина во неделата додека трагаше по преживеани, соопшти мексиканското Министерство за одбрана (СЕДЕНА).
„Припадниците на мексиканската армија и воздухопловните сили длабоко жалат за загубата на нашиот другар Проте. Ја исполнивте вашата мисија како член на мексиканската делегација за пребарување и спасување во Турција. Ви благодариме за вашата херојска работа!“, се вели во соопштението на Министерството. .
Веста ја потврди министерот за меѓународни односи Марсело Ебрард.
idol.mk