Членовите на скопскиот бенд „Undone“ се простија од нивниот пријател кој беше пронајден паднат од зграда заедно со неговата девојка. Момчето К.Г.(39) трагично го загуби животот, а девојката која заедно со него била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ се бори за својот живот.
Девојката Ф.М.(47) е исто така музичар, вокалистка во друг познат скопски состав. Кај нејзе се констатирани тешки телесни повреди.
Членовите на „Undone“ се простија од момчето на официјалната страна на групата на Фејсбук.
„Почивај во мир Филип, најпрекрасната личност, еден од столбовите на „Undone“, кој беше со нас пред да започнеме со „Undone“, деновиве работеше на ново видео за „The War On Love“ од нашето ново EP во кое се заљуби. Правејќи музика заедно, многу неверојатни анимации и видеа што ги направи на толку многу песни, омоти што ги дизајнираше за албуми. Филип замина во трагедија која не е разбирлива и никогаш нема да биде. Вистински херој“, напишаа тие.
Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека на 12 февруари, во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М. (47) и К.Г. (39), двајцата од Скопје.