ФЗО не побарал и не е корисник на услугите од Центарот опоравување од катастрофи на МВР

Фондот за здравствено осигурување никогаш не побарал и не е корисник на услугите на Центарот за опоравување од катастрофи на МВР кој се наоѓа во близина на Прилеп. Центарот служи како бекап на бази на податоци кои во брзо време осигуруват рестартирање и функционирање на информатичките системи на државните институции кои веќе ги копирале податоците во центарот.

Во моментот најголем дел од информатичко комуникациски системи на МВР се копирани во центарот, а бекап во центарот имаат и ЦУК, Царината и Државниот завод за статистика.

За услугите на Центарот за опоравување од катастрофи изразиле и други институции како Народната банка, Министерството за финансии, Ревизорскиот завод, финансиската полиција, агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието, но на овој список не е Фондот за здравствено осигурување кој поради хакерски напад не дава редовни услуги од 6-ти февруари. Центарот на МВР е изграден на локација избрана како најпогодна.

При земјотреси, природни катастрофи или терористички напади, институциите кои имаат извршено креирање на бекап може да функционираат речиси веднаш по катастрофата која оневозможила функционирање на основниот информатички систем.

Поранешната државна секретарка во МВР Анастасија Илиеска вели дека владата треба да им препорача на институциите на овој начин да ги заштитат своите податоци.

 

telma.mk