Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтеровата скала утрово го погоди јужниот дел на Иран, соопшти Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Потресот бил на длабочина од 10 километри, на 112 километри од Бандар Абас.
Ноќеска, пак, се „тресеше“ централното подрачје и на Италија, со магнитуда од 4,3 степени по Рихтер. Според ЕМСЦ, земјотресот бил на 8 километри од градот Мачерата, на длабочина од два километра.
фото: Архива