Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ги повика ВМРО-ДПМНЕ на седница на Собрание со две точки на дневен ред, прва за уставни измени и втора точка распуштање на Собранието и предвремени избори.
– Знам дека и премиерот Ковачевски, претседателот на СДСМ, ќе се сложи со ова, и господинот Ахмети исто така. Идеме на седница на Собрание со две точки на дневен ред. Прва точка уставни измени, втора точка распуштање на Собранието и предвремени избори. Бујрум нека влезат нека гласаат, идеме на избори, изјави Груби вечерва во гостувањето на телевизијата „Канал 5“.
извор: „Канал 5