Жена во Франција му одгризала јазик на силувач и го однела во полиција како доказ

ЖЕНА (57) во Франција која била жртва на сексуален напад му го одгризала јазикот на напаѓачот и како доказ го предала на полицијата.

 

Таа го шетала своето куче во Авињон, Франција во 4 часот наутро на 19 февруари, кога маж почнал да ја следи. Тој наводно и пришол, се обидел насилно да ја прегрне и бакне, а притоа и ја турнал раката во нејзините панталони. За време на тепачката, жената му го одгризала јазикот на насилникот и побегнала дома. Потоа, во придружба на нејзиниот син, донела парче јазик во локалната полициска станица.

Полицијата набрзо го уапсила мажот кој по потекло е од Тунис и живее илегално во Франција. Наводно изјавил дека жената го нападнала.

 

Ќе следи неговото судење и тој мора да ја напушти Франција, пишува France Bleu.

 

index.hr