ВМРО ДПМНЕ: Не е проблемот до бројките во анкетата туку до неспособноста и криминалот на СДС и ДУИ

Ја разбираме нервозата на СДС, впрочем и нема анкета на која што водат. Не е проблемот до бројките, туку до неспособноста и криминалот на владата водена од ДУИ и СДС.

Бројките се само одраз на незадоволството на народот од неспособноста на Ковачевски и Ахмети, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Не може Груби од батлер во амбасада да стане милионер, или Ковачевски во јавноста да шири шовинизам и да навредува, а зад камерите да му врти броилото од бизнисот со соларни панели, и да мисли дека народот не го гледа сето ова.

Поддршката за ВМРО ДПМНЕ значи дека народот гледа надеж, а за нас тоа значи одговорност да ја извадиме земјата од калта на криминалот и неспособноста на СДС и ДУИ.

извор: ВМРО ДПМНЕ