(ВИДЕО) Снежно невреме во Далмација- Хрватска, затворени патни правци

ОД 14:30 часот па натаму поради метеоролошки услови нема слободен патен правец за ниту една група возила од правец на Далмација кон внатрешноста и обратно, јавува ХАК.

 

Во тек е зимското одржување на патиштата, па затоа има чести застои зад зимските сервисни возила, кои се движат побавно.

 

Зимски услови има на повеќето патишта во Лика и Горски Котар, вклучително и автопатот А1 меѓу клучките Госпиќ и Масленица (Ровањска), А6 Риека-Загреб помеѓу клучките Киковица и Босиљево II и државниот пат ДЦ3 Карловац-Врбовско- Делнице-Киковица (стариот пат низ Горски округ).

index.hr