Џокси не им прости на оние кои не му платиле пензиско, тоа го напиша јавно во статус

Не сум злопамтило, но не им простувам на оние кои живот ме значат, оние кои го успорија развојот и благодатта на мојата фамилија, затоа што никој до сега не се јавил да ги простам нивните гревови, а тоа се: ГП Илинден (2 години изгубени работен стаж), МРТВ (6 години изгубени работен стаж), ТВ ТЕЛМА/Макпетрол (11 години изгубени работен стаж), ВМРО ДПМНЕ/МОН (2 години изгубени работен стаж).

Им простувам на оние чии грешки биле ненамерни, а тие се малку на број.
И знаете што, човекот во текот на животот може да се однесува недолично, но никој нема право да му ги одземе основните права за живот.

Амин!

-напиша пејачот во својата објава на Фејсбук.