Денес ќе откриеме нови детали, кои отвораат сомнеж дека Ковачевски и Груби го местеле тендерот за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д.
Откако министерството за транспорт и врски дава потврда на ЕПТИСА за надзор при изградба, по веќе претходна забрана од страна на владата, за што зборувавме вчера, сега ќе обелодениме информации како се менувани условите во тендерската постапка, за на крај ЕПТИСА да биде фирмата која ќе ги исполни и ќе го добие тендерот, Истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:
7 дена пред истекот на рокот за поднесување на понудите од страна на заинтересираните фирми за вршење на надзорот тежок 22 милиони евра, власта го продолжува рокот од 17.10.2022 на 25.10.2022, односно за цели 8 дена.
Ова не е единствена измена, покрај продолжување на рокот за поднесување, е изменет и условот со кој се бара понудувачот да приложи Извештај за билансна состојба и податоци од биланси за 2019, 2020 и 2021 година, кои треба да бидат позитивни и да бидат издадена од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија. Со измената се брише позитивни и се бараат само билансни состојби, но не и повторувам позитивни, туку тие може да бидат и негативни, т.е. фирмата која ќе го земе 22 милионскиот тендер за надзор владата смета дека може да биде и во загуба 3 финансиски години по ред.
Сомнежите се дека овие измени се направени за фирмата ЕПТИСА, која и го добива тендерот од 22 милиони евра, бидејќи според податоците до кои дојдовме истата во 2019 година работела со загуба од 6.7 милиони евра, 2020 година со 6.9 милиони евра, а 2021 година со 8.5 милиони евра минус.
Со менувањето на условот понудувачите да не треба да имаат позитивни биланси последните 3 финансиски години, се отвора можност фирмата ЕПТИСА да учествува. И истата таа на 01.12.2022 е избрана како добитник на тендерот тежок 22 милиони евра.
Дали владата смета дека на тендер од 22 милиони евра за надзор не може и нема да се јават фирми со позитивни биланси, па мора да овозможи на истиот да се јават и загубари? Ковачевски и Груби свесно го минираат проектот за изградба на автопати со фирми и бизнис шеми со фирми во загуба, со сомнителни средства и текови.
Дали тендерските услови се менувани токму за ЕПТИСА? Дали владата мести тендер и зошто?
ЈО не смее да молчи. Одговори веднаш.
извор: ВМРО ДПМНЕ