Тоблероне повеќе нема да биде швајцарско чоколадо, ја симнуваат познатата планина од амбалажата

Најпознатиот швајцарски планински врв Матерхорн полека исчезнува од амбалажата на чоколадото Тоблероне поради строгите правила во врска со ознаката „направено во Швајцарија“, изјави сопственикот на триаголното чоколадо нуга.

 

Чоколадата Тоблероне, која почна да се произведува во фабриката на семејството Тоблер во 1908 година, досега се произведуваше исклучиво во Берн, главниот град на таа алпска земја.

Но, почнувајќи од оваа есен, познатото чоколадо ќе се произведува и во Братислава, Словачка, „за да се одговори на зголемувањето на побарувачката во светот“, изјави портпаролката на американската компанија Mondelez International, сопственик на овој бренд.

 

Делумното преместување на производството го обврзува брендот да ја отстрани етикетата „на Швајцарија“ од амбалажата, бидејќи според законот од 2017 година, националните симболи не можат да се користат за промовирање производи на база на млеко кои не се исклучиво произведени во Швајцарија, објави Mondelez уште во јуни минатата година.

Во исто време, Матерхорн беше заменет со стилизирано лого на планината, што предизвика дебата меѓу швајцарската јавност.

 

„Мораме да го приспособиме пакувањето на швајцарскиот закон“, изјави за AFP портпаролката на Монделез.

 

Новиот изглед на корицата, која допрва ќе ја задржи силуетата на мечката, симболот на градот Берн, што може да се види на логото на планината, беше претставен есента минатата година.

 

index.hr