Ердоган: За една година ќе изградиме 488.000 нови домови за жртвите од земјотресот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера вети дека ќе го обнови јужниот регион во земјата, кој минатиот месец беше погоден од силни земјотреси во кои животот го загубија најмалку 46.104 луѓе, јавува Анадолија.

– Денеска, додека ја оставаме четвртата недела од земјотресот зад нас, појасно ја гледаме големината на катастрофата што ја доживеавме и подлабоко ја чувствуваме болката од нашите загуби, рече Ердоган по владината седница во Анкара.

Земјотреси со магнитуда 7,7 и 7,6 погодија 11 турски провинции на 6 февруари – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмарас, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа. Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Турција беа погодени од разорните земјотреси, како и многумина во северозападна Сирија.

– Нашата цел е да започнеме со изградба на 244.000 домови и 75.000 рурални куќи во следните два месеци, рече Ердоган, додавајќи дека изградбата на 22.000 згради веќе е започната.

 

sitel.mk